Оланд е за останување на Велика Британија, но не по цена на напредокот на ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска пред почетокот на самитот на Европската унија изјави дека Франција сака Велика Британија да остане во составот на ЕУ, но оти можниот договор за нејзино останување не смее да го загрози напредокот на Унијата.
Тој нагласи дека Велика Британија треба да остане во ЕУ, но оти мора да ги прифати нејзините начела. Оланд додаде дека ниту една земја не смее да се изземе од заедничките прописи.
- Се надевам дека Велика Британија ќе остане во ЕУ и се надевам дека сите заедно ќе напредуваме и дека никој нема да може да не запре, посочи Оланд.
Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сака се да направи за Велика Британија да остане во Унијата.
- Имаме уште работи кои треба да бидат разрешени, но одиме со ставот дека сакаме се да направиме за да создадеме услови Велика Британија да може да остане дел од ЕУ. Од германски аспект тоа е важно, но секако граѓаните на Велика Британија ќе одлучат, посочи Меркел.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
