-->
-->
Околу 550 мигранти спасени во Медитеранот
-->

Околу 550 лица беа спасени вчера во неколку операции за помош на загрозени мигранти во Средоземното Море, соопшти италијанската крајбрежна стража.
„Околу 550 мигранти се спасени во централниот дел на Средоземното Море, во четири различни спасувачки операции, координирани од крајбрежната стража", се вели во соопштението.
Мигрантите патувале со четири гумени чамци. Во операциите учествувале два пловни на крајбрежната стража, бродот „Бетика" на италијанските поморски сили, трговскиот брод „Аквариус" и брод на невладината организација „SOS Медитеране".
Екипажот на последниот брод нашол две тела за време на операцијата за спасување на 193 лица од гумен чамец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
