-->
-->
Околу 1,4 милиони деца во четири земји под закана на смрт од глад
-->

Околу 1,4 милиони деца во Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен се соочуваат со опасноста да умрат од глад оваа година, соопшти Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).
Во Јемен, каде околу две години се води граѓанска војна, 462 илјади деца страдаат од сериозна неухранетост. Бројот на неухранети деца во Нигерија, каде дејствува исламистичката групација „Боко харам“, е околу 450 илјади.
Во Сомалија поради сушата 185 илјади деца се соочуваат со закана од глад, а за неколку месеци нивната бројка ќе достигне 270 илјади, предупредува УНИЦЕФ.
Во Јужен Судан над 270 илјади деца страдаат од неухранетост, а во сојузната држава Јунити, каде живеат 20 илјади деца, вчера беше прогласена состојба на општа глад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
