-->
-->
Оклахома повтори негативен клупски рекорд
-->
Кошаркарите на Оклахома сити ноќеска загубија на гостувањето кај Филаделфија со 121:90. За Тандер ова е 14 последователен пораз и повторување на антирекордот во историјата на клубот.
Оклахома загубија 14 натпревари во низа и во сезоната 2008-2009 година.
– Не сум сигурен дека играчите знаат за ова. Ние се бориме и момците сакаат да победат. Никогаш не сум видел рамнодушност кога влегуваат во соблекувалната по поразот, изјави тренерот на Оклахома, Марк Дејгнолт.
Најдобар во составот на Тандер на натпреварот против Филаделфија беше резервниот поен Тај Џером кој постигна 22 поена.
По 61 одигран натпревар Оклахома има 20 победи и 41 пораз и се наоѓа на 13. место во Западната конференција од НБА-лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
