ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година.
Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.
- Предложените мерки на претпазливост вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице или кај надлежен државен орган, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница - се наведува во соопштението.
Дополнително, за осомничените се предложени и мерки за забрана за посетување на местото каде што се случил кривично-правниот настан, како и забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители.
Од Обвинителството додаваат дека во меѓувреме продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдените траги и се преземаат други дејствија во насока на прибирање докази за целосно расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и ора како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Светецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
