-->
-->
ОЈО поднесе обвинение против шест лица за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест
-->
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против петмина македонски и еден турски државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.
– Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица, се вели во соопштението од ОЈО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај