ОИ: 24 нови случаи на коронавирус, двајца хоспитализирани
Организаторите на Олимписките игри во Токио соопштија денеска за 24 нови позитивни случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст на заразени откако домаќините почнаа да објавуваат податоци на 1 јуни.
Меѓу 24-те нови случаи, тројца се спортисти, чии идентитет не е наведен.
Досега коронавирусот е потврден кај вкупно 20 натпреварувачи на Олимписките игри.
Две лица од странските делегации, кои присуствувале на церемонијата на отворањето на Игрите, на 23 јули, се хоспитализирани, но и двајцата се со полесна клиничка слика.
Вкупниот број на позитивни случаи на Ковид-19 од 1 јуни се искачи на вкупно 193, соопштија олимписките организатори.
Во јапонската престолнина последните денови, исто така, расте бројот на новозаразени. Здравствените власти соопштија дека во средата со вирусот се заразиле 3.177 лица, што е втор последователен рекорд на дневна основа.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица