Охрид се подготвува за Водици

Во Охрид привршуват подготовките за прославувањето на големиот верски празник Богојавление – Водици и Денот на рибарите (Свети Јован), датуми од календарот што привлекуваат поголем број гости во градот надвор од главната туристичка сезона.
Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека се одржани состаноци со Координативното тело за техничка организација на празниците, а веќе се консултирани и претставници на МПЦ од Дебарско-кичевската епархија околу верскиот дел на прославата.
- Ќе биде истатата организација како и минатата година и покрај општинските служби и јавни претпријатија, ќе бидат вклучени и сите оние здруженија и институции кои постојано помагаат околу настанот, меѓу кои општинскиот Црвен крст, Нуркачкиот центар „Амфора“, Капетанија, СВР Охрид,..., изјави Бакрачески, повикувајќи ги граѓаните масовно да се вклучат во одбележувањето на празникот, а туристичките работници подготвено да им излезат во пресрет на барањата на бројните најавени гости.
Во врска со верскиот дел на празнувањата, Илија Ристески од Дебарско-кичевската епархија истакна дека на Водици како и секоја година ќе се врши утрена богосслужба и божествена литургија во сите парихиски цркви.
- Потоа верниците од сите парохиски цркви масовно заедно со свештениците се упатуваат на Градското пристаниште кеде ќе се осветуваат водите на Охридското Езеро а потоа ќе се положи и чесниот крст, изјави Ристески.
Фрлањето на Чесниот крст во Охридското Езеро е планирано за 10 часот, кај Градското пристаниште.
Годинава е екстремно ниска температурата на водата во езерото. Денеска достигна 5,8 степени целзиусови, а наместа има и смрзнати делови во крајбрежните појаси. Затоа од Општинската организација на Црвениот крст апелираат, верниците што планираат да влезат во вода по светиот крст претходно да направат превентивен здравствен преглед.
- Не памтам години наназад да сме имале толку ниска температура, била над 6 или 7,5 степени. Оваа година е најниска и со оглед на многу студеното време, не очекувам дека ќе има загревање. Токму за празникот Богојавление Водици треба посебно внимание, порача Сашо Точков претседател на општинскиот „Црвен крст“.
Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица),... На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
-

Мнозинството бара надзорна расправа за Алта да се одржи утре
-

Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
-

МЗ - Нема да има присилни мерки за вакцинација со МРП-вакцината
