Ограбена продавница за оружје во Скопје, украдени 50 пиштоли
Најмалку 50 разни видови на пиштоли и револвери биле украдени од продавница за оружје во скопската населба Капиштец, информира МВР.
Не се знае точниот период кога била ограбена продавницата. Според полицијата кражбата се случила меѓу 14 часот на 11 ноември и 09 часот на 13 ноември, годинава. Истражните полициски органи утврдиле дека засгеа непознат крадец провалил во продавницата на улицата Васил Ѓоргов во трговскиот центар Капиштец. Полицијата претпоставува дека провалникот со себе носел скали со кои успеал да се искачи до прозорец во продавницата висок околу 6-7 метри. Потоа со алат го скинал катанецот од решетката, која го заштитувала прозорецот, па насилно го отворил прозорецот и успеал да влезе во продавницата на комапнијата „Интерспорт“. Од полиците, на кои имало изложено оружје, провалникот зел околу 50 пиштоли и револвери, од различни производители и калибар. Откако го собрал пленот, крадецот повторно преку прозорецот го напуштил објектот и побегнал без да биде забележан од никого.
МВР не соопштува колкава е штетата во овваа провална кражба, односно колкава е вредноста на украденото оружје.
Најверојатно украдените пиштоли и револвери ќе завршат на црниот пазар, и тоа по многу ниски цени, бидејќи евентуалните купци знаат дека неможат да ги легализираат затоа што секое парче од нив има сериски број.
Но, не се исклучува ниту можноста оружјето да биде искористено во извршување на кривични дела.
Ново на Сител
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата