-->
-->
Ограбена продавница за ловна опрема во Скопје
-->
Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана во Градскиот трговски центар во Скопје.Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 13:30 часот, а кражбата се случила од 7 до 9 декември годинава.
Крадецот одзел 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“ и девет ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и „Диана Класик“ (воздушна пушка) по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
