-->
-->
Огнена апокалипса: Ужас на Хавите, нови ерупции, лавата голта се пред себе, населението или се слика или се евакуира
-->

Лавата од вулканот Килауеа на Хаваи уништи уште 4 куќи во близина на населениот дел од Големиот остров на кој веќе се уништени неколку објекти.
Окружниот Сектор на Хаваи за цивилна одбрана извести во саботата дека ерупцијата од пукнатина во земјата продолжува во подрачјето на Ланупинија Гарденс што води до натамошно разлевање на лавата.
Официјалните лица велат дека на некои жители им е речено да се подготват за доброволна евакуација доколку главниот автопат биде загрозен.
Во кратката ерупција моја се случи неколку часа претходно, вулканот Килауеа изфрли пепел до 2.133 метри нагоре.



Околу 40 куќи се изолирани во новозагрозената област кај местото Леилани Естејтс и Ланипунија Гарденс, во кои лавата изминатите две недели уништи 40 објекти, меѓу кои и 26 куќи.
Официјалните лица користеа хеликоптери за да проценат колку луѓе и натаму се наоѓаат во областа на која и се заканува излеаната лава, а тогаш се евакуирани 4 лица.
Хавајсакта служба за цивилна одбрана соопшти дека полицијата, пожарната служба и силите на Националната гарда ја обезбедуваат зоната на Големиот Остров и спречуваат луѓе да влезат во неа, а локалните власти ги повикаа жителите да се подготват за потенцијална евакуација.
Неизвесно е кога вулканот ќе се смири, а некои сметаат дека тоа е многу забавно, па сликаат селфи и се фотографираат со столбови чад во позадината.


Вулканот на Гоелмиот остров експлодираше во четвртокот, при што, неколку стотици метри во вис, исфрли пепел и камења.
Научниците велат дека тоа била најсилна ерупција во изминатите денови, иако траела само неколку минути, а се случи две недели одткако вулканот почна да исфрла лава кон населбите источно од кратерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
-

Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
