Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижности, се појави понуда од 20-тина реда, која поради својата иронија за кусо време стана хит на социјалните мрежи.
Имено, извесен Никола, изреволтиран од лошата понуда од куќи и станови под наем и превисоките цени, во својата објава нуди кутија кибрит.
- Сите ние сонуваме да издаваме секакви г**нарии за цена од 200 евра и да се збогатиме... Молам, само сериозни понуди... Договор никаков не е можен - или земи што ти се нуди или спиј на улица, вели Никола во својот оглас.
Претходно, тој истакнува дека кутичето не е употребено ниеднаш, а го издава исклучиво на непушачи (за да не му ја потрошат), на двојки без деца (освен ако не се ослободат од нив), на студентки кои минуваат подолго време на факултет...
- Миленичиња се дозволени, сите освен смрдливки..., се вели во огласот натаму.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
