Официјално е доставен до Собранието Предлогот за новите министри
Премиерот Зоран Засев го доставил предлогот за избор на нови министри во Владата до претседателот на Собранието Талат Џафери, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието.
-Претседателот на Собраноето го прими Предлогот и веднаш ќе го достави до сите пратеници, наведуваат од неговиот кабинет.
Дополнително ќе биде соопштен датумот за одржување на седницата.
Премиерот Заев, порано, денеска од Валандово, соопшти дека во Собранието ќе достави предлог за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии кажа дека ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.
Очекува собраниската седница за избор на новите министри да се одржи следната недела.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено