Одржана средба на владини претставници и градоначалниците за препораките од УНЕСКО

Премиерот Зоран Заев одржа средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца по усвоениот извештај од страна на Владата за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на охридскиот регион. Во извештајот, како што посочи владиниот портпарол Муамед Хоџа на денешната прес-конференција, е опфатен и напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство.
-Овој извештај ќе биде испратен до УНЕСКО од страна на нашата национална комисија за УНЕСКО најдоцна до следниот четврток, рече Хоџа.
Нагласи дека продолжува етапната предвремена исплата на пензиите за пензионерите, овој пат за февруарската пензија.
-Од 25 февруари први пензија ќе добијат пензионерите кои имаат пензија до 11.000 денари, а ден потоа ќе се изврши исплата на пензиите во висина од 11 до 14 илјади денари. Пензиите со висина од 14 до 18 илјади денари ќе се исплатат на 1 март, додека пензиите во последната категорија над 18 илјади денари ќе се исплатат на 2 март, рече Хоџа.
Информира дека започна имунизацијата против Ковид-19 во земјава и додаде дека 260 здравствени работници денеска ќе ја примат првата доза на вакцината.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
