Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС
Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.
Средствата, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации, со која Владата и Кралството Норвешка подготвија план за чистење на еколошкото жариште ОХИС.
Генерален секретаријат на Владата на денешната седница, исто така, информираше дека е целосно завршена постапка за отстранување опасни и експлозивни ствари по животната средина и по безбедноста на граѓаните на компанијата „Теас-Темко“.
Постапувајќи по заклучок на Владата, Генералниот секретаријат врз основа на договорот со единствениот понудувач Тrayal корпорација АД „Крушевац“ – Република Србија, конечно ја отстрани надвор од границите на државата големата количина опасни и експлозивни ствари што претходно беа во сопственост на АД „Теас-Темко“ на имотот на АД „Макпетрол“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата