Одобрен турско-либискиот договор, Турција добива пристап до економската зона во Медитеранот
Комисијата за надворешна политика при турскиот Парламент го одобри денеска договорот на Турција со либиската Влада за поморската граница во Средоземно Море, што и овозможува на Турција пристап до економската зона во Медитеранот.
Во текот на денешниот ден за овој договор ќе се изјасни и Парламентот.
Турција минатата недела потпиша договор со либиската Влада на Фајез Сараџ, со седиште во Триполи, која е призната од ОН и контролира некои западни делови од земјата.
Овој договор предизвика расправа во либискиот Парламент, кој се наоѓа на крајниот источен дел од земјата и е под влијание на Либиската национална армија на генералот Калифа Хафтар.
Договорот, исто така, дополнително го заострува веќе постоечкиот спор кој Турција го има со Грција, Кипар и Египет околу правото на експлоатација на нафта и гас во источниот дел на Средоземното Море.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата