Одложено првото граѓанско судење против Бионтек поврзано со ефекти од анти-ковид вакцина
Првото граѓанско судење против фармацевтската компанија Бионтек, поради наводни здравствени последици од вакцината против коронавирус, денеска е одложено до натамошно известување поради тоа што адвокатот на тужителот изразил сомнеж во непристрасноста на претседателот на судскиот совет.
– Адвокатот на тужителот поднесе барање за промена на претседателот на судскиот совет поради сомневање за пристрасност“, изјави портпаролот на Покраинскиот суд во Хамбург.
Адвокатите на тужителката со тоа сакаат да постигнат процесот да се води пред судски совет со повеќе судии, а не само еден, како што беше предвидено.
Поради претрпена штета поради здравствени проблеми наводно предизвикани од вакцината против коронавирус на оваа компанија, тужителката бара 150.000 евра од фармацевтската компанија Бионтек. Таа конкретно се жали на болки во горниот дел од телото, отоци на екстремитетите и хроничен замор.
Компанијата Бионтек, која беше првата фармацевтска компанија што воведе вакцина против коронавирусот на пазарот, ги отфрли обвинувањата како неосновани.
– Врз основа на сите податоци што ни се достапни, ги испитавме здравствените проблеми наведени од тужителката и дојдовме до заклучок дека обвинувањата се неосновани, соопшти Бионтек.
Адвокатскиот тим на тужителката соопшти дека повеќе од 180 тужби се поднесени пред судовите низ Германија поради наводни здравствени проблеми предизвикани од вакцината на Бионтек.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
