-->
-->
Одложено денешното рочиште за „Рекет“
-->

Одложено денешното рочиште за случајот "Рекет", на кое требаше да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова. Рочиштето се одложи поради отсуство на бранителите на Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска кои поради здравствени проблеми не дојдоа во судот. Според доставената медицинска документација, адвокатот Кадиев се наоѓа на Клиниката за инфективни болести и е на антибиотска терапија, додека Фрчковска има рок до утре да достави извештај за нејзината здравствената состојба. Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка, а наредното рочиште го закажа за в четврток во 10.00 часот.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
