Одбројува до смртта: Бренда од болничкиот кревет – бидете храбри
Во август славната актерка Шенон Доерти, која ја паметиме по улогата на Бренда во култната тинејџерска серија „Беверли Хилс“ им откри на обожавателите дека боледува од рак на дојка.
И како што течеше лекувањето, така нејзините фотографии стануваа поемотивни и поболни.
Сепак, ова е една од последните. По еден теретман со хемотерапија 45-годишната Шенон објави фотографија како лежи склупчена на болнички кревет без сила да се бори со болеста.
-Денот по хемотерапија не е секогаш добар. Некогаш не можеш да танцуваш, не можеш ни да јадеш, а не можеш ниту да размислуваш за следниот ден. Понекогаш се чини дека е поедноставно да не успееш. Тоа минува. Понекогаш ќе мине и следниот ден, понекогаш два, а некогаш се потребни шест дена, но секогаш минува и потоа можеш да се движиш. Можеш да се надеваш. Можеш да можеш. За сите оние кои боледуваат од рак на дојка и за сите оние кои страдаат – бидете храбри. Бидете силни. Бидете позитивни, пишува Доерти.

Актерката има силна поддршка од семејството, сопругот, мајка си, но и од пријателите.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
