-->
-->
Одбојкарите повикуваат на поддршка и ветуваат победи во дуелите со Израел
-->

Она што секако претстојниов викенд ќе привлече најмногу внимание кај македонската спортска јавност, е настапот на нашата најдобра машка одбојкарска репрезентација.
Македонските одбојкари викендов во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, ќе одиграат два натпревари против селекцијата на Израел во рамките од Европската лига.
Она што радува е оптимизмот во редовите на црвено-жолтите, а капитенот, Никола Ѓоргиев, најави дека нашите одбојкари ќе атакуваат на две победи против Израел и со тоа ќе ги задржат шансите за пласман во полуфиналето на Европската лига.
Првата средба е утре (сабота) од 20 часот и 15 минути, а вториот натпревар е во недела со почеток во 17 часот и 30 минути, а цената на влезниците е 100 денари.
Од редовите на нашиот тим повикуваат - „Македонскиот национален состав очекува што поголем број на навивачи за поддршка од трибините во постигнувањето на целта за освојување на максимален број на бодови во двомечот со Израел’’.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
