-->
-->
Одбојкарите најавуваат борба за првото место во групата
-->
\
Македонската одбојкарска репрезентација по трите победи на првиот турнир од Европската лига во Варна, претходниот викенд, ја очекуваат уште три натпревари од вториот турнир што од утре до сабота ќе се игра во Скопје. Ривали се истите селекции: Албанија, Данска и Бугарија. Во таборот на одбојкарската репрезентација најавуваат повторување на резултатите и игрите од натпреварите во Варна.
- Се вративме со импресивен резултат. Трите победи сосема ги заслуживме. Бевме аутсајдери, а сега ја имаме улогата на фаворити. Со многуте промени што ги направивме целата репрезентација одигра одлично и се надмина себе си. Сега имаме и големи шанси за пласман на завршниот турнир во Варна на 1 и 2 јули, изјави селекторот Жарко Ристоски на денешната прес-конференција.
Оптимизам има и кај играчи особено по трите победи.
- Не очекувавме три победи, а сега со два триумфа во Скопје ќе бидеме на првото место во групата што значи дека ќе имаме полесен противник во полуфиналето. Стручниот штаб подготви добра тактика, а очекувам така да биде и сега, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
За натпреварите во Скопје селекторот Ристоски, ќе го има на располагање и Јовица Симовски што значи екстра засилување пред се во системот на ротација.
- Ќе продолжат добрите игри на оваа репрезентација и ќе се бориме за првото место. Мислам дека можеме да ја освоиме и Европската лига и дека имаме квалитет и за Светската лига, изјави Симовски.
Утре во 19:30 часот македонската репрезентација ќе игра против Албанија. Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а пред овој дуел од 17 часот ќе играат Данска и Бугарија. Цената на влезница за двата натпревара е 100 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски побара ЕУ да го „заобиколи“ ветото на Унгарија за членство на Украина во Унијата
-
Двајца Албанци обвинети за улов на охридска пастрмка кај Свети Стефан
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
-
Седница на Советот на јавни обвинители
-
САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија
-
Битолчанец нападнат со кујнски нож додека си ја редел тезгата во „Новиот пазар“
-
Трамп ги оправдува царините од 35 посто за Канада поради кризата со фентанил во САД
-
Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско