Одбиени барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација
Одбиени се барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска, што ги поднесе одбраната на осудените во „Тенк“, Никола Груевски и Ѓоко Поповски.
По соопштувањето на овие одлуки, јавната седница на Апелација на која се одлучува по жалбите за затворските казни на Груевски и Поповски, повторно е прекината.
Адвокатот Стерјо Зиков овојпат побара изземање на судијата известител Тања Милева бидејќи, како што наведе, таа била избрана во времето кога СДСМ формирала Влада, а СЈО ги отворило предметите за кои водеше истрага. Според Зиков, ако остане, судијката Милева ќе биде пристрасна. Зиков рече дека Милева е сопруга на Игор Милев кој беше кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ, беше член на ДИК од СДСМ, а сега е советник на директорот на Царинската управа.
Претседателката на судечкиот совет Цветанка Периќ повторно даде пауза за да се достави барањето на Зиков за изземање на Милева до в.д. претседтелката на Апелација Лидија Димчевска.
За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.
Ново на Сител
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето