Одбележување на Светскиот ден на водата
Светскиот ден на водата денеска ќе биде одбележан со низа настани во државата. Ќе се одржат дебати, работилници и проекции на филмови, подводно ќе се чисти езерото Матка, а ќе биде посетен и изворот Рашче.
Централниот настан ќе се одржи во Кинотека на Македонија во организација на Институтот за јавно здравје, а ќе присуствуваат производители на вода, ученици од основни и средни училишта, студенти, пензионери и претставници на институции. Предвидена е презентација на активност која се однесува на екологијата, собирање на пластична амбалажа и можноста за нејзино рециклирање. Ќе има и музичка програма.
Во рамки на програмата на ИЈЗ ќе се одржи проекција на филмовите на тема вода „Езеро од јаболка“ и „Водата“. Средствата кои ќе бидат собрани на настанот, како што информираат од ИЈЗ, ќе бидат донирани за лекување на дете со нарушена здравствена состојба.
По повод Светскиот ден на водата, спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Пена“ подводно ќе го чистат езерото Матка, а ќе се чисти и појасот долж кајакарската патека и патеката која води кон манастирот „Св. Никола Шишевски“. Во акцијата ќе се вклучи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски ќе го посетат изворот Рашче и лабораторијата каде се вршат испитувања за квалитетот на водата за пиење, а на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Водата значи живот“.
Здружението на граѓани за промовирање на здрав начин на живот ,,Мое здравје”- Скопје вечер во малата сала на Домот на АРМ по повод Светскиот ден на водата организира дискусија на која се поканети факултетски професори, стручњаци од соодветната област, инженери-технолози, нутриционисти, а Здружението за третман на вода со поддршка на ЕУ во основните училишта во Струмица во рамки на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ организира ликовна колонија со наслов „Нацртај ја водата“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток