Одбележување на Светскиот ден на семејните и општи лекари

Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина и оваа година ќе го прослави 19 мај - Денот на семејните и општи лекари.
„Семејни-општи лекари - лидери на патот до подобро здравје“ е годинашното мото со кое македонските лекари заедно со колегите од целиот свет, а по препорака на Светската организација на докторите по семејна и општа медицина (WONCA) ќе го одбележат Светскиот ден на семејниот-општиот доктор.
Матичните лекари по овој повод ќе организираат активности во својата амбуланта или средина во која работат за промоција на здравје и здрави навики, превенција - идентификација на ризик, имунизација, скрининг, едукација и советување.
- На овој начин сакаме да ја потенцираме улогата на матичните лекари во промоција на здравјето и рано откривање на болести. Нашата цел е да им помогнеме на пациентите да преземат контрола врз своето здравје и да ги зголемат можностите за развој и унапредување на истото, велат од Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина.
По овој повод ќе биде промовирана и монографија по повод 70 години постоење на Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина во рамки на Македонското лекарско друштво.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
