Одбележување на 75 години од формирањето на НАТО
Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со локалната самоуправа, денеска со почеток од 15:00 часот на плоштадот Александрија во Прилеп организираат отворен ден за граѓаните.
Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.
На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да се запознаат со артилериските системи и орудија од артилерискиот баталјон, вооружување, воената опрема и возила од повеќе единици, меѓу кои од пешадиските единици, баталјонот на воена полиција, баталјонот за врски и изидувачко разузнувачкиот баталјон.
Граѓаните исто така ќе имаат прилика да ги проследат борбените вештини на припадниците на баталјонот за специјални сили и алпинистичките вештини на ренџерите од составот на изидувачко разузнувачкиот баталјон.
Активноста ќе биде проследена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа.
Отворениот ден во Прилеп е дел од планираните настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Претходно, граѓаните на Струмица, Кавадарци, Штип и Тетово имаа можност да присуствуваат на овие настани, а вакви отворени денови следуваат во Скопје, Охрид и Кичево.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје