Одбележување јубилеј од почетоците на нуклеарната медицина во Македонија

Сто години од раѓањето на академик Исак С. Таџер и 60 години од почетоците на нуклеарната медицина во Македонија ќе бидат одбележани денеска на свечен собир во Македонската академија на науките и уметностите.
МАНУ го организира настанот во соработка со Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Здружението за нуклеарна медицина на Македонија и Македонското лекарско друштво.
Како што најави МАНУ, собирот ќе го отвори претседателот на Академијата Таки Фити, а поздравни обраќања ќе имаат ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, Франческо Џамарил, претставник на Европската асоцијација за нуклеарна медицина, и Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво.
Ќе биде одржано предавање „Животот и делото на академик Исак Таџер, основоположник на нуклеарната медицина во Македонија“ од проф. д-р Борислав Каранфилски и промоција на монографијата „Нуклеарната медицина во Македонија“.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
