Одбележани 73 години од загинувањето на Кузман Јосифовски Питу

По повод одбележувањето на 73 годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски Питу, делегации од Град Скопје, општина Карпош, Сојузот на борци, училишта и граѓани денеска положија цвеќе пред неговиот споменик во општина Карпош.
Како што информираат од општина Карпош, делегација од општината предводена од раководителот на Одделението за спорт и култура Патрик Поповски и помошник- раководителката Гордана Стојчевска- Зафировска, денеска положи цвеќе пред споменикот на Народниот херој Кузман Јосифовски - Питу, кој се наоѓа на територијата на истоимената урбана заедница во Карпош.
Кузман Јосифовски - Питу се смета за еден од главните организатори за поведување на Народно ослободителната борба, како и за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ, на кое се поставија темелите на првата современа македонска држава.
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
