-->
-->
Одбележана годишнината од загинувањето на бранителот Кољо Китанов
-->

Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година во Струмица, денеска беше одбележана 17-годишнината од загинувањето на најмладиот бранител, Кољо Китанов.
За него говореше началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, кој истакна дека бранителот Китанов загина во заседа на патот Шипковица-Гајре на возраст од 19 години.
- Поминаа 17 години, но болката во срцата се уште пече и тлее и никако да стивне. Затоа да не дозволиме повеќе да се повторат овие настани, рече началникот на СВР Струмица.
Пред споменикот на загинатите бранители цвеќе положија членови на семејството на Китанов, градоначалниците на Струмица и Босилово, претставници на СВР Струмица и граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
