Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски
Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 69 годишнината од неговото раѓање.
Цвеќе положија претставници на Советот на Oпштината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.
- И кога зборуваме за споменикот „Македонија“, тогаш вреди да се истакне дека се лажат сите оние кои мислат дека Струмица има само еден подигнат споменик во чест на нашиот претседател. Не, овој наш град има толку споменици, колку што има жители во Струмица и струмичко, затоа што секој од нас подигнал споменик-паметник за Борис Трајковски во своето срце. Така ние струмичани го покажуваме нашиот незаборав и беспрекорната почит кон сограѓанинот и кон вториот претседател на Република Македонија. За жал, прерано го загубивме за да тагуваме, и на овој начин да си спомнуваме за него и за неговите човечки и државнички вредности, истакна Ице Беличев, член на Советот на Општина Струмица.
Пред споменикот на Трајковски беа прочитани и наградените творби по распишаниот литерaтурен конкурс во организација на Библиотеката “Благој Јанков Мучето” од Струмица.
Вториот претседател на државата, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО