-->
-->
Одбележан „чист понеделник“ во Струмица
-->
Во рамките на карневалските свечености денеска во Струмица беше одбележан „чист понеделник“, првиот ден од велигденските пости. Традиционално на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ беше поделен бел грав кој го осветија претставници на македонската православна црква.
Чист понеделник е и почеток на тримерските празнувања, кои завршуваат в среда со празникот Тримери, посветен на верените (армасани) девојки. Според обичаите во домот на армасаната девојка одат роднините, каде на посна трпеза со пеење песни со блага еротска тематика ја воведуваат во тајните на љубовниот живот.
Вечер во 19 часот и 30 минути ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми посветени на струмичкиот карневал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје