Од утре времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“
Град Скопје соопшти дека од утре ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“ поради градежни активности.
Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Центар кон Дексион, односно од исток кон запад ќе бидат пренасочени од улица „Ѓорче Петров“ по булевар „Македонска војска“, улица „Борис Сарафов“ („4 Јули“), улица „Кузман Шапкарев“ и продолжуваат по својата траса.
За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“.
Во спротивна насока, од Дексион кон Центар или во правец запад-исток автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.
Од Град Скопје наведуваат дека учесниците во сообраќајот треба да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.
Ново на Сител
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци
-
Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа
-
Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко
-
Приведен млад кавадарчанец, крадел пари од црква и украл донација за болно дете
-
Денес е Духовденска задушница
-
Попладне можност за дожд и грмежи