Од утре поднесување барања за уверение за државјанство во одделението и отсеците за управни работи

Граѓаните од утре ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- Поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните во овој период од годинава, МВР информира дека од утре (12.07.2017) во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, освен фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање, граѓаните ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
