Од срцев удар почина Митко Аврамоски, татко на еден од загинатите во несреќата кај Ласкарци
Денеска на 55 годишна возраст од срцев удар почина Митко Аврамоски, татко на Бобан кој загина во несреќата кај Ласкарци во февруари 2019.
Митко беше еден од најгласните од семејствата на жртвите во несреќата и се бореше за правда, но не успеа да го дочека утрешното рочиште за „Ласкарци“.
Тој беше вработен во МВР- Гостивар.
Новото рочиште за случајот „Ласкарци“ ќе се одржи утре, а обвинети се сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и уште тројца вработени во станицата за технички преглед во сопственост на Белули.
Автобуската несреќа се случи на 13 февруари во 2019 година кај селото Ласкарци во која загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени.
Според обвинението, главната причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и брзото возење.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден