Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра

Со најновата одлука на Собранието, пратениците изгласаа воведување 18% ДДВ на онлајн нарачки со вредност до 22 евра од странски продавници како „Тему“, „Шеин“ и „Али експрес“, кои досега беа ослободени од ваков данок. Законот ќе стапи во сила осум дена по неговото објавување во „Службен весник“.
За амандманите гласаа 59 пратеници, додека 12 беа против. Со ова, евтините онлајн нарачки што беа неданочени ќе станат поскапи.
Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, образложи дека целта на мерката е да се заштитат домашните мали трговци. Тој посочи дека истото ослободување веќе е укинато во Србија и Црна Гора, а слична постапка е во тек и во Албанија.
Главната идеја зад овие измени е создавање појасни законски правила, спречување злоупотреби и воспоставување поправедна конкуренција меѓу домашните мали бизниси и странските продавници кога станува збор за наплатата на ДДВ.
„Би сакал да истакнам дека Европската Унија, со директива, уште од 1 јули 2021 година го укина ова ослободување,“ додаде Јанкуловски.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
