Александар Степанулески е 34-тиот победник на фестивалот „Ристо Шишков“
Актерот Александар Степанулески е 34 тиот победник на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков,, кој заврши синоќа во Струмица. Единствената награда за највисоко актерско остварување тој ја доби за улогата на Луков во претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Прилепскиот народен театар.
Степанулески вели дека одлуката на жирито и наградата ги доживеал многу лично и емотивно, потенцирајќи дека ова е награда што ја посакува секој актер.
„Во образложението на тричленото жири предводено од минатогодишната победничка Билјана Драгичевиќ Пројковска стои дека Степанулески го гради Луков како фигура на привидна неприкосновена моќ, која постепено се распаѓа и ги открива стравот, зависноста и моралната разграденост на ликот.“, изјави Александар Степанулески добитник на наградата „Ристо Шишков“.
Традиционално, најдобриот актер и годинава доби златен медаљон со ликот на Ристо Шишков, парична награда од 1.500 евра, но и позлатена монета со ликот на патронот на фестивалот. Годинава во официјалната фестивалска конкуренција беа одиграни 10 претстави со околу 40 актерски остварувања.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
