Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар и ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 65,50 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува
45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 денар/литар и од полноќ ќе се продава по цена од 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,396 ден/кг.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
