Од денеска пониски цени во регионалниот роаминг

Од денеска за 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 процент ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на МB интернет.
Тоа ќе биде второ намалување согласно договорот на регулаторните тела на четирите држави, што стапи во сила во јули лани.
Минатата година цената на минута појдовен повик во роаминг беше намалена за 73 проценти. Од денеска, како што информираат од македонската Агенција за електронски комуникации, за минута појдовен повик ќе се плаќа 14,8 денари. За следната година е предвидено намалување од 14,8 денари за минута за појдовен повик на 11,7 денари, или за 20,2 процента.
По минатогодишното намалување на цената за СМС во роаминг за 54,5 проценти, годинава таа се намалува од 5,6 денари на 4,9 денари, односно за 11,1 процент.
Лани цената за 1 MB интернет беше намалена за 90 проценти, а од денеска ќе биде пониска за 35,7 проценти. Еден МБ интернет во малопродажба наместо 43,2 денари ќе чини 27,8 денари. Во јули следната година, согласно договорот, цената ќе се намали на 12,3 денари, односно за 55,7 проценти.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

ЕУ ги почнува преговорите за укинување на роамингот во Западен Балкан
-

ЕУ поддршка за развој на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија
-

Поради неисплатени субвенции, сточарите се заканија со протести
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
