Од денес стапуваат на сила измените на КЗ
Од денеска стапуваат на сила измените на КЗ со кои драстично се намалуваат казните за дела поврзани со корупција. законските измени беа објавени во Службен весник на 7ми септември, минатиот четврток, а стапуваат на сила на осмиот ден од објавата.
Измените кои предизвикаа реакции во јавноста беа изгласани во Собранието за само 24 часа. Дел од политичките партии јавно излегоа со сомнежи дека тие се резултат на политички договор меѓу власта и опозицијата.


Измените меѓу другото значат намалување на затворски казни за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на буџетот, а пониски казни се предлагаат и за делото злосторничко здружување.
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
