Од 23 август нема повеќе поминување низ Словенија без исполнети епидемиолошки услови
Словенечката влада објави дека од 23 август патниците во транзит ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, доказ дека прележале или негативен тест.
„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања“, се вели во соопштението на владата по синоќешната седница.
Дотогаш, патниците во транзит не мора да го докажуваат својот статус на Ковид на граница ако ја напуштат Словенија што е можно поскоро, и не подолго од 12 часа.
Исклучок од ПЦТ-условите за влез во Словенија се уште важи за лица помлади од 15 години, сопственици на земјиште и недвижен имот во пограничната област, прекугранични работници мигранти и вработени во меѓународен транспорт.
Новата владина одлука, исто така, пропишува задолжително носење заштитни маски за посетителите на јавни и културни настани во затворени простории, додека носењето маски станува задолжително за собири на отворено ако се присутни повеќе од 100 луѓе.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
