Loading Video...
Балкан
8. May 2026 - 12:22
Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
Бугарскиот парламент денеска ја изгласа новата влада предложена од Румен Радев, откако неговата партија „Прогресивна Бугарија“ освои убедлива победа на парламентарните избори. Партијата на Радев освои 44,6 проценти од гласовите што и донесе 131 пратеник во бугарското Собрание во кое има 240 столчиња. Поддршката ја доби од 122 пратеници а 70 беа против.
Кабинет на Радев ќе биде составен од четири вицепремиери и 18 министри. Три од постојните министерства – за економија, иновации и електронско управување – треба да се реструктуираат во две.
Радев, кој претходно се повлече од претседателската функција за да учествува на изборите, најави дека приоритети на новата влада ќе биде стабилизација на економијата и судски реформи
-->
-->
