Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена

Од 1 октомври, во Хрватска ќе се применува нов референтен датум за таканаречената „сидрена цена“ – 10 септември 2026 година, а трговците и давателите на услуги ќе мора да ја наведат, заедно со тековната цена, и редовната цена што била во сила на тој датум, јавија хрватските медиуми.
„Сидрена цена“ е референтна редовна цена на производ или услуга на одреден датум. Таа е наведена заедно со тековната цена за да може потрошувачот да спореди како се променила вредноста. Сидрената цена не е фиксна или максимална дозволена цена и трговецот може да ја промени тековната цена.
Механизмот опфаќа одредени стоки за широка потрошувачка – храна, пијалоци, козметика, средства за чистење, тоалетни производи и голем број производи за домаќинството.
„Сидрената цена“ нема да ги опфаќа промоциите, попустите и другите посебни форми на продажба.
Новата обврска важи за сите трговци на мало и регистрирани даватели на услуги во Хрватска. Тоа значи дека новите правила нема да ги опфатат само супермаркетите, туку и продавниците за облека и обувки, техничка стока, мебел и градежни материјали, како и рестораните, кафулињата, фризерските салони и салоните за убавина, автомеханичарите, разните услуги и други занаетчии кои им ги нудат своите производи или услуги на потрошувачите.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
