Обвинителството потврди: Специјалната обвинителка излетала во провалија со џипот

Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод. Од Специјалното јавно обвинителство ја потврдуваат информацијата дека јавниот обвинител Ленче Ристоска имала сообраќајна несреќа во која за среќа патниците поминале без телесни повреди.
- „До незгодата е дојдено како последица од излигување на автомобилот на кривина, поради замрзнатиот коловоз, а секако возилото било управувано со брзина во граници на дозволената и брзината на движење не е причина за настанување на незгодата, велат од Специјалното јавно обвинителство за А1.Он.
Додаваат дека се работи за приватно возило на обвинителката, поради што не била информирана јавноста.
По несреќата, веднаш била повикана полиција.
Ново на Сител
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
