Обвинителство поведе постапка против лице осомничено дека со камен го скршило стаклото на вратата на бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка против 55-годишно лице, осомничено дека на 11 јануари со камен го скршило стаклото на вратата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Осомничениот, како што наведува Обвинителството, „од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се оддалечил во непознат правец“.
- Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор со образложение дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и основано стравување дека осомничениот би можел да го повтори делото - стои во соопштението.
Според Обвинителството, лицето сторило кривично дело оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичниот законик.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
-

Од Маџари до центарот на Скопје за пет минути: тест-турата ја покажа предноста на градскиот воз
-

ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб
-

Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран
