Свет
7. April 2016 - 11:42

Обвинителот на Женева започна истрага поврзана со „Панамските документи“

Јавниот обвинителот на Женева денеска соопшти дека започнал истрага во врска со „Панамските документи“, кои открија користење на офшор сметки, меѓу кои и на голем број фирми основани од женевски правници и финансиски институции.

- Одлучивме да започнеме процедура во рамки на аферата „Панамски документи“, но не можам да коментирам повеќе, изјави на прес-конференција Јавниот обвинител на Женева, Оливие Жорно.