Обвинение за скопјанец поради напад врз своите родители
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 49-годишнк кој се товари дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти скопското ОЈО.
– Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, обвинетиот со умисла извршил две временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело. При вршење семејно насилство тој телесно ги повредил неговите родители. Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, обвинетиот започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре. Прво го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата. Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди, информираат од скопското Обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија