ОБСЕ: Во демократски општества нема место за насилство

Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора го осуди денеска насилството кое изминатата ноќ се случи во Подгорица, каде е уништен имот, вклучувајќи ја албанската амбасада, и повредени повеќе полицајци, новинари и граѓани, јави Танјуг.
Мисијата на ОБСЕ во соопштение нагласува дека за насилството со политички цели нема место во модерни демократски општества и додава дека очекува оти релевантните власти во целост ќе ги истражат сите инциденти кои се случиле во согласност со законот.
- Мисијата смета дека правото на јавно собирање и правото на јавни протести се легитимни во сите демократски општества. Исто така, Мисијата повторува дека таквите акции мора да бидат спроведени мирно и во целосен склад со владеење на правото на законот, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
