Обновени летовите на истанбулскиот аеродром

Летовите на меѓународниот аеродром во Истанбул „Ататурк“ беа обновени по прекинот од околу 24 часа поради неуспешниот обид за воен удар.
Летови од и до Истанбул вчера попладне извршуваа воглавно турските авиопревозници, додека другите авиокомпании сметаа дека им е потребен уште еден ден за да се уверат дека мерките за безбедност се целосно воспоставени.
Претходно националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека се обновени летовите од меѓународниот аеродром во Истанбул по неуспешниот обид за преврат во петокот вечерта, додека некои странски авиопревозници ги откажаа летовите во текот на викендот.
Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“ изјави дека летовите повторно се извршуваа согласно редовниот распоред во третиот по големина аеродром во Европа, иако може да се очекуваат одредени доцнења.
Доцна синоќа авиони ловци повторно се појавија на небото над Истанбул. Турски официјален претставник, кој побарал анонимност изјави дека пет ловци Ф-16 патролираат во воздушниот простор на Истанбул.
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
