Облачно со сончеви периоди и засилен јужен ветер
Времето денеска наутро во некои делови од земјава ќе биде магливо, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди, особено на истокот. Во крајните западни делови ќе биде пооблачно и ќе има појава на повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 13 степени.
За следните денови синоптичарите најавуваат променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови повремен дожд и снег на повисоките планини.
Во текот на ноќта кон четврток и претпладнето ќе има повремен дожд кој во попладневните часови на места во западните делови ќе преминува во повремен снег на повисоките места.
За време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
