Објави фотографии од своето бебе на Фејсбук, а потоа животот и се претвори во пекол
Несреќната жена била шокирана од постапките на луѓето, па ги предупреди сите родители да внимаваат кога поставуваат слики од своите деца на социјалните мрежи.
Ештон Хемнер е мајка на 16-месечната Ленокс која просто ја обожува. Од како се роди, Ештон и го посветува целото внимание, па дури и на социјалните мрежи, каде доживеа и нешто многу сурово.
Имено, оваа млада мајка сакала на сите да им покаже колку го сака своето бебе, па поставила нејзини слики на Фејсбук, но воопшто не сонувала дека животот потоа ќе и стане пекол.
Ленокс е нормално бебе кое по ништо не се разликува од своите врсници. Меѓутоа луѓето на чуден начин ги коментирале сликите и всушност тие коментари и го загорчија животот на Ештон.
На сликите кои биле изменети пишувало дека Ленокс има рак, дека е ратардирани и дека нејзините родители се среќни што повторно ќе бидат сами.
Ештон била шокирана од постапките на луѓето кои го направиле тоа, па бидејќи ја научи лекцијта ги предупреди сите родители да внимаваат кога поставуваат слики од своите деца на социјалните мрежи.
Таа успеала да ги тргне тие слики, а по ова, во љубовта кон Ленокс ќе си ужива сама.
Ново на Сител
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд