Објавени документи за истрагата за претседателските избори во САД

Министерството за правда на САД објави преглед на сослушувањата и е-поштата вклучени во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводно руско мешање во претседателските избори во 2016 година, по судска одлука од спор со Си-Ен-Ен и со „БузФид Њуз“.
Документите вклучуваат и кореспонденција преку е-пошта меѓу Банон и Џаред Кушнер, висок советник на Трамп и зет, како и „предлог за добивање“ и анализирање на е-пошта од поранешниот државен секретар и подоцна и противкандидат на претседателските избори, Хилари Клинтон.
Од документите е јасно дека на 10 април 2018 година, Гејтс им кажал на истражителите дека Манафорт за време на изборната кампања во 2016 година верувал дека хакерскиот напад врз Националниот комитет на Демократската партија на САД е веројатно извршен од Украинци, а не од Руси. Сојузниците на Трамп ја бранеа таа теорија за да ги поткопаат наодите од истрагата на Малер за руско мешање во изборите, но тогаш теоријата беше дискредитирана.
БузФид Њуз повикувајќи се на Законот за слобода на информирање побара да им се овозможи увид во сите документи поврзани со истрагата на поранешниот директор на ФБИ, Малер.
Ново на Сител
-

Историска средба меѓу Трамп, Си и Путин во Кина: „Мораме да учиме од историјата и заедно да ги решаваме проблемите“
-

СДСМ: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – обвинителот Савески молчи
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година
-

Институтот за историја одбележува 80 години постоење
-

3.243 прекршоци регистрира „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Охрид
-

Дотраената водоводна мрежа остави 10 штипски населби 3 дена без вода
-

Хаџи Василева останува предметен обвинител во случајот со судијата Ристов - најавува и поактивно обвинителство
-

Тема на денот со Искра Хаџи Василева, шефица на ОЈО ГОКК
